Регионален центар
Регионалниот центар за одржлив развој постои од 2003 година. Во периодот од 2003-2006 година функционира како Центар за поддршка на НВО, финансиран од ЕУ. Потоа се трансформира во самостоен правен субјект.
Регионалниот центар е невладина и непрофитна организација, со седиште во Кратово, која во своето делување, ги опфаќа општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане и Пробиштип во матичниот регион, како и Куманово, Кочани и Делчево во поширокиот регион на делување. Во дел од програмите, таа соработка се продлабочува и на национално ниво, преку различните мрежи, платформи и коалициски соработки со други организации. Центарот е насочен кон поддршка и одржлив развој на локалната заедница, поголема мобилизација на расположивите ресурси и социо-економско зајакнување и интеграција на регионот, пред се во сопствени рамки, а потоа и интеграција на РС Македонија во рамки на ЕУ.
Регионалниот центар за одржлив развој е на линијата за пренесување на гласот на народот во јавноста и целосно застапување со сите демократски методи и инструменти.
Основна улога
Основна улога е зголемување на капацитетите на НВО за лобирање, застапување, одговорност и одржливост преку реализирање на проекти, организирање состаноци, тркалезни маси и работилници за НВО и локалните власти, иницирање активности од заеднички интерес за заедниците. Во исто време, ја игра улогата на Информативни точки на Европската комисија, преку кои се дистрибуираат тековни и информации од општ интерес, со што се засилува улогата на граѓанското општество и соработката со локалните институции и бизнис секторот. Работи и на надминување на етничките бариери и градењето на мултиетничко општество. Регионалниот центар се залага за развој и унапредување на граѓанското општество и локалните заедници за постигнување на видливи општествени промени, овозможување на учество на јавноста, застапување, зајакнување на капацитетите, промоција на улогата на невладините организации, како и стимулирање на соработката меѓу сите релевантни чинители на локално, регионално и национално ниво.
Наши заложби
Наша историја
- 2003 – Формиран како центар за поддршка на НВО
- 2006 – Трансформиран во правен субјект