Јавна Дебата ,,Колку мојот советник ги застапува моите права”

ПОКАНА

Ве покануваме на ЈАВНА ДЕБАТА

на тема

 

„Колку мојот советник ги застапува моите права“

 

Јавната дебата ќе се одржи во среда, на  30.09.2020, со почеток од 12,00 часот во Регионалниот Центар за одржлив развој во Кратово.(ресторан “Кратовски мерак“)

 

Во прилог ја испраќаме програмата на настанот.

 

Веруваме дека ќе го поттикнеме Вашиот интерес за присуство на дебатата чија цел е претставување на степенот на информираност на граѓаните во врска со функционирањето на Советите и нивните граѓански права во општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане.

Познавањето на правата и личниот допринос на локалното население во работата на советите на општините на кои и припаѓаат, претставува клучен фактор за унапредување на развојот на демократијата и интеграцијата на целокупниот социјален, економски, културен и еколошки живот на луѓето кои живеат во општините на североисточниот регион.

Граѓанскиот сектор игра мошне важна улога во креирање на политиките за демократија на локално ниво, односно во активности кои се спроведуваат во насока на промоција и подигнување на јавната свест за познавање и користење на граѓанските права во месните општини.

Во Законот за локална самоуправа се уредуваат прашања од надлежноста на општината, како и непосредното учество на граѓаните во одлучувањето и надзорот над работата на органите на општината, за што ќе стане подетално збор на самата дебата.

На дебатата ќе се зборува за важноста и влијанието на проектот „Ефективна локална самоуправа – интерес на граѓаните“ и на кој начин локалното население може да допринесе за подобрување на демократијата и социо-економскиот развој на општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане.

 

Се надеваме дека ќе го поттикнеме вашето внимание и интерес.

Очекуваме потврда на е-пошта: regionalencentar@gmail.com

или на тел. 078 464 401

Срдечен поздрав,

РЦОР Кратово

ПРОГРАМА ЗА ЈАВНА ДЕБАТА

на тема

 

„Колку мојот советник ги застапува моите права“

 

                                                    

Место на одржување – Регионален Центар за одржлив развој – Кратово,

(ресторан “Кратовски мерак“)

30.09.2020 год. (среда)

 

 

11:30-12:00   Регистрација на учесниците

 

12:0012:45   Која е улогата на проектот “Ефективна локална самоуправа – интерес на граѓаните“

г-дин Милош Димитровски, координатор на проектот, претседател на Регионален Центар за одржлив развој – Кратово

 

12:45 13:15  Презентирање на резултати од спроведен прашалник за мерење на степенот на информираност на граѓаните во врска со функционирањето на Советите и нивните граѓански права во општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане

 

г-а Татјана Јаневска, дипломиран професор по филозофија/советник во Министерство за локална самоуправа

 

13:15 – 13:40 Искуства на соработниците на проектот при спроведување на прашалникот – предизвици и научени лекции

 

Соработник од ГО “Спектар“ – Крива Паланка

Соработник од ЛАГ “Осоговски Лисец“ – Ранковце

Соработник од ГО “Козјачија во срцето“ – Старо Нагоричане и

Членки на РЦОР Кратово

 

13:40 – 14:00 Презентирање на извештај со анализа, предлози и препораки до Советите на општините врз основа на добиените резултати од спроведениот прашалник

 

г-а Татјана Јаневска, дипломиран професор по филозофија/советник во Министерство за локална самоуправа

 

 

 

14:00 – 15:00 Дебата со учесниците за прашања и проблеми од интерес, потребните мерки и активности што треба да се преземат за зголемување на вклученоста на јавноста при креирање и спроведување на локални политики,  мониторинг на работата на општинските Совети, покренување граѓански иницијативи, тековно информирање на јавноста за работата на општинскиот Совет, начинот на донесување одлуки и вклучување на јавноста во процесот и зголемување на  информираноста и свесноста на јавноста за трошењето на буџетските средства.

Г-а Татјана Јаневска – Модератор

 

15:00- 16:00 Закуска, освежување Ресторан Кратовски Мерак

 

 

 

Share this post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *