Работилница на тема „Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“
ПОКАНА
за учество на РАБОТИЛНИЦА
на тема
„Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“
Работилницата ќе се одржи во среда, на 14.10. 2020, со почеток од 12,00 часот во Регионалниот Центар за одржлив развој во Кратово (ресторан “Кратовски мерак“) со највисоко ниво на запазување на сите пропишани мерки и протоколи дадени од страна на Министерство за здравство на нашата земја во врска со пандемијата COVID 19 за оддржување на вакви настани.
Во прилог ја испраќаме програмата на настанот.
Веруваме дека ќе го поттикнеме Вашиот интерес за присуство на работиницата чија цел е да се обезбеди инфомација, пристап и алатки за зголемување на ефикасноста на општинските советници во процесите на вклучување и комуникација со граѓаните при создавањето и спроведувањето на локалните политики.
Оваа потреба произлегува од основниот постулат на демократијата – вклучувањето на граѓаните во создавањето и спроведувањето на политиките. За да се обезбеди ефикасно вклучување на граѓаните потребно е да се унапреди пристапот и алатките за комуникација со граѓаните и трансформирање на нивните потреби, ставови и очекувања во реални развојни политики. Ова е можно доколку советниците успеат ефикасно да ги информираат граѓаните за функционирањето на Советите, јавната администрација и нивните граѓански права, но и за можностите за нивниот придонес во унапредување на
работата на локалната власт и социјалното, економското, културното и еколошко живеење и развој. Притоа, советниците имаат водечка улога во обезбедување на средина за активно и ефикасно комуницирање и вклучување на граѓаните.
Активното комуницирање и вклучување на граѓаните преку формите на граѓанско здружување игра значајна улога во нивниот развој во одговорни граѓани кои се ко-создавачи но и монитори на создадените и спроведуваните политики. Ваквиот развој на граѓанска свест резултира истотака и со подобрување на ефикасноста на јавната админитрација.
Работилницата ќе се фокусира на пристапи и начини на употреба на ефикасни алатки за комуникација и вклучување на граѓаните во процесите на создавање и спроведување на политиките на локалната власт.
ПРОГРАМА ЗА УЧЕСТВИ НА РАБОТИЛНИЦА
на тема
„Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“
Место на одржување – Регионален Центар за одржлив развој – Кратово,
(ресторан “Кратовски мерак“)
14.10.2020 год. (среда)
11:30-12:00 Регистрација на учесниците
12:00–13:30 Советникот како лидер и учесник во комуникацијата со граѓаните
Звонко Наумоски – обучувач за комуникации, медимуми, односи со јавност и развој на заедници, консултант во Идеја О.К., претпријатие за консалтинг – Скопје
Оваа сесија тематски ќе се фокусира на процесот на лидерство и активната комуникација како пристап и алатки во градење и спроведување на ефикасни локални политики. Сесијата ќе биде организирана во два дела: 1. Лидерство и 2. Комуникации со граѓаните и општата јавност
Теми за дискусија и вежбовни активности:
- Што е лидерство?
- Лидерство како процес
- Лидерство наспроти раководење
- Комуникацијата како основен инструмент во демократските процеси
- Активно слушање
- Прашањето како основа на разбирањето
- Користење на медиуми и алатки при комуникацијата
- Комуникацијата како основа на вклучувањето на граѓаните во партиципативното планирање на развојот на заедницата
13:30 – 13:45 Кратка пауза
13:45 – 15:00 Советникот како финансиер и имплементатор на политики“
Звонко Наумоски – обучувач за комуникации, медимуми, односи со јавност и развој на заедници, консултант во Идеја О.К., претпријатие за консалтинг – Скопје
Оваа сесија тематски ќе се фокусира на процесите на градење на финансиските политики и спроведување на политиките од, за и со граѓаните. Сесијата ќе биде организирана во два дела: 1. Советникот како фацилитатор во создавање на финансики политики на локално ниво и 2. Спроведувањето на локалните политики, транспарентност и отчетност.
Теми за дискусија и вежбовни активности:
- Буџетот на општината и процес на негово создавање
- Партиципативноста како столб на демократијата на локално ниво – Вклучување на јавноста во идентификација на потреби, приоритизација и планирање
- Спроведување на локалните политики и вклученоста на граѓаните во процесот
- Улогата на советникот како финансиски стратег и реализатор
15:00- 16:00 Закуска, освежување – Ресторан Кратовски Мерак
Се надеваме дека ќе го поттикнеме вашето внимание и интерес.
Очекуваме потврда на е-пошта: regionalencentar@gmail.com
или на тел. 078 464 401
Напишете коментар