Работилница на тема „Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“

Во рамките на проектот “Ефективна локална самоуправа – интерес на граѓаните“ поддржан од програмата на Цивика мобилитас, Регионалниот центар за одржлив развој Кратово, на ден 14.10.2020 година организираше работилница на тема   „Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“

На овој настан учествуваа претставници на граѓански организации, бизнис секторот,  советници, културно образовни институции, пензионери и млади лица од општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане. Работилницата се одвиваше под раководство на Звонко Наумоски – обучувач за комуникации, медимуми, односи со јавност и развој на заедници, консултант во Идеја О.К., претпријатие за консалтинг – Скопје.

Програмата на оваа работилница се состоеше од две сесии.

Првата сесија се фокусираше на процесот на лидерство и активната комуникација како пристап и алатки во градење и спроведување на ефикасни локални политики.

Сесијата беше организирана во два дела: 1. Лидерство и 2. Комуникации со граѓаните и општата јавност.

Теми за дискусија и вежбовни активности:

  • Што е лидерство?
  • Лидерство како процес
  • Лидерство наспроти раководење
  • Комуникацијата како основен инструмент во демократските процеси
  • Активно слушање
  • Прашањето како основа на разбирањето
  • Користење на медиуми и алатки при комуникацијата
  • Комуникацијата како основа на вклучувањето на граѓаните во партиципативното планирање на развојот на заедницата

Втората сесија тематски  се фокусираше на процесите на градење на финансиските политики и спроведување на политиките од, за и со граѓаните.

Беа разработувани и поставени за дискусија два дела од сесијата:

  1. Советникот како фацилитатор во создавање на финансики политики на локално ниво и 2. Спроведувањето на локалните политики, транспарентност и отчетност.

Теми за дискусија и вежбовни активности:

  • Буџетот на општината и процес на негово создавање
  • Партиципативноста како столб на демократијата на локално ниво – Вклучување на јавноста во идентификација на потреби, приоритизација и планирање
  • Спроведување на локалните политики и вклученоста на граѓаните во процесот
  • Улогата на советникот како финансиски стратег и реализатор

Share this post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *