РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

  1. Име на проектот: „Живеење во мултиетничка средина, граѓани со еднакви права, можности и заштита“
    Локација: национално ниво
    Таргет група/област: права на етнички заедници
    Активност: Подобрување на статусот на малцинските групи и зајакнување на капацитетите за активно учество во креирањето на јавните политики на локално и национално ниво.
    Период: 2007-јуни 2009
    Буџет:1.298.500 (979.983€ EK,  318.517€ FIOOM)
    Партнери: ФИООМ, Заеднички вредности Скопје и 12 поранешни ЦП НВО
  2. Име на проектот: „Младите за отворено општество- локални младински иницијативи“
    Локација: Кратово
    Таргет група: млади луѓе на возраст од 14-18 години
    Активност: Активностите што се спроведуваат преку проектот се насочени кон  подобрување на социјалниот животот кај младите, формирање на клубови за локална младинска иницијатива и дебатни клубови, дебатни школи, организирање на културни настани и иницирање на активности, кои по согледување на младите, се неопходни и недостасуваат во нивниот секојдневен живот.
    Во рамки на проектот поведени се две иницијативи и тоа; за отворање на градското кино и за издавање на локален весник.
    Период: 2008-2010
    Буџет на национално ниво:80. 000 евра
    Партнер(и): Младински образовен Форум, 12 ЦП НВО, Вавилон центар Карпош-Скопје
  3. Име на проектот: „Да не дозволиме пластиката да го надживее човекот“
    Локација: Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Пробиштип
    Таргет група/област: екологија
    Активност: Собирање и рециклирање на ПЕТ амбалажа
    Период: 2007- февруари2009
    Буџет:23. 032$
    Партнер(и): ЗГ „Сончев Рид Рајковац“ Кратово

    1. Име на проектот: „Истражување во областа на примарното здравство“
      Локација: Штип, Македонска Каменица и Кратово
      Таргет група/област: здравство
      Активност: Квалитет на услуги во примарното здравство и начин на функционирање
      Период:октомври 2007- април 2008
      Буџет:5. 000€
      Партнер(и): „Фондација за локален развој на заедницата“ Штип и „Регионален центар за застапување“ Делчево

 

 

  1. Име на проектот: „Волонтер-Екологија-Кратово
    Локација: Кратово
    Таргет група/област: животна средина, екологија
    Активност: Набавка на заштитна облека и опрема за членовите на Волонтерскиот еколошки клуб за спроведување на еколошки активности, набавка на 15 мали и три големи сада за депонирање на отпад.
    Период: 2009
    Буџет:1.825 $
    Донатор(и): Мировен Корпус- Програма за мали грантови
  2. Име на проектот: „Зајакнување на НВО секторот во Осоговскиот регион“
    Локација: Кратово, Крива Паланка, Пробиштип
    Таргет група: сите НВО во регионот
    Активност: Институционален грант за сопствен развој и развој на НВО во регионот
    Период: 2008
    Буџет:    500 евра
    Донатор(и) – ФИООМ
  3. Име на проектот: „Зајакнување на мрежата на индивдуални собирачи на ПЕТ амбалажа “
    Локација: Кратово, Пробиштип, Ранковце, Куманово, Велес и Крива Паланка
    Таргет група: лица кои се занимаваат со собирање, рециклирање и преработка на ПЕТ амбалажа
    Активност: Организирање на едукативни предавања, тренинг за тренери, набавка на заштитна облека за собирачите, организирање на едукативни трибини и предавања, организирање на едукативни натпревари по повод на Денот на планетата Земја, олеснување на пристапот на индивидуалните собирачи до микрофинансирачки компании.
    Период:   01.11.2007-31.06.2008
    Буџет:  4.000 евра
    Донатор(и): IFC (International financial corporation)
  4. Именапроектот: „Активирај се! Селектирај, рециклирај и заштити ја сопствената животна средина“
    Локација: Кратово,  Крива Паланка и Ранковце
    Таргет група: жителите од општините Кратово, Ранковце и Крива Паланка
    Активност: Подигање на свеста на младите за заштита на животната средина и придонесување кон зачувување на истата, организирање на кампања за исфрлање од употреба на најлонските ќеси и набавка на 40 специјализирани контејнери за ПЕТ амбалажа за Кратово и Крива Паланка.
    Период:    01.12.2007-31.07.2008
    Буџет:    4.000 евра
    Донатор(и): ФИООМ

 

  1. Именапроектот: „Едукативни работилници за креирање на јавната свест од потребата за селектирање и рециклирање на различните видови на отпад“
    Локација: Кратово и Крива Паланка
    Таргет група: ученици од основните училишта од Кратово и Крива Паланка
    Активност: Организирање на едукативни работилници во основните училишта, дистрибуција на едукативен материјал и одбележување на Денот на планетата Земја
    Период: март – јули 2008
    Буџет:    1.000 евра
    Донатор(и): USAID – Проект за рециклирање на пластика

 

  1. Име на проектот: „Акција за Европа“
    Локација: Кратово
    Таргет група/област: сите граѓани во локалната заедница
    Активност: Зајакнување на граѓанската свест за потребата од интеграција на Р. Македонија во ЕУ и одржување на едукативни работилници и дебати за предизвиците на Македонија кон членството во ЕУ
    Период: јануари- декември 2009
    Буџет:4. 800€
    Партнер(и):МЦЕО и ФИООМ

 

  1. Име на проектот: „Граѓаните за Европска Македонија“
    Локација: Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Куманово
    Таргет група/област: сите граѓани на регионално ниво
    Активност: Критички осврт на случувањата и тековните процеси во општеството
    Период:јуни 2009- февруари 2010
    Буџет:4. 080€
    Партнер(и):ЗГ „РЦОР“ , ФИООМ

 

  1. Име на проектот: „Акција за Европа“ II дел
    Локација: Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Кочани
    Таргет група/област: сите граѓани во локалната заедница
    Активност: Зајакнување на капацитетите на граѓанското општество како креатор на политиките на Владата и промотор на вредностите на отвореното општество за забрзување на процесот на интеграција на Р. Македонија во ЕУ. Во рамки на проектот одржани се пет тематски работилници на национално ниво (Ресен – алтернативен туризам, Велес – животна средина, Струмица -земјоделие, Кавадарци- вино и Кочани- алтернативни извори на енергија).
    Период: март 2010- август 2010
    Буџет:5. 820€
    Партнер(и):МЦЕО и ФИООМ

 

  1. Именапроектот: „Собирање на факти, информирање на граѓани“
    Локација: Кратово
    Таргет група: животна средина, екологија
    Активност: Набавка на 3 GPS(Global Pozitioning Sistem) уреди, софтвер и камера за GIS(Geographic Information System), обука за членовите на РЦОР, РРОМА и ВЕК за работа со опремата и подготовка на флаер со диви депонии на територијата на општина Кратово.
    Период:  март 2010- мај 2010
    Буџет: 3.937$
    Донатор(и): – UNDP “Sustainable Mining Clean Up and Pollution Management in Bucim and Lojane Mines”

 

  1. Именапроектот: „Детски забавен парк“
    Локација: Кратово
    Таргет група: млади
    Активност: Набавка на опрема и уредување на Детски забавен парк во близината на ОУ „Кочо Рацин“ кај Здравствен дом Кратово.
    Период:  мај 2010 – август 2010
    Буџет:2.720$
    Донатор(и): Мировен Корпус- Програма за мали грантови
  2. Именапроектот: „Следење на доброто во процесот на добро владеење“.
    Локација:Кратово, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Делчево
    Таргет група:ЕЛС
    Активност: Мониторинг на транспарентното работење на ЕЛС
    Период:септември 2010-февруари 2011год.
    Буџет:200.000 мкд
    Донатор:Амбасада на Кралството Норвешка
  3. Именапроектот: Промоција на публикација „Транспарентни општини -задоволни граѓани“
    Локација: Кратово, Кочани, Крива Паланка, Куманово, Делчево
    Таргет група: институции, ЕЛС, граѓани
    Активности:Помоција на стандарди за добро управување и подготовка и дистрибуција на промотивни материјали
    Период:февруари 2011-август 2011год.
    Буџет:3.906$
    Донатор: The Balkan Trust for Democracy
  1. Име на проектот: Ресурси за отчетно, транспарентно и одговорно работење – РОТОР“
    Локација: Кратово, Пробиштип, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка
    Таргет група:Единици на локална самоуправа
    Активности: Промоција на практики и инструменти за транспарентно, отчетно и одговорно работење
    Период: април 2011-септември 2011год.
    Буџет: 465.000 мкд
    Донатор: SDC, ЦИРа, Civica Mobilitas
  2. Именапроектот: „За подобра општествена застапеност на жената Ромка
    Локација: Кратово, Куманово, Пробиштип, Кочани, Крива Паланка
    Таргет група: жени- припаднички на ромската етничка заедница
    Активност: Градење на капацитети за застапување, лобирање и учество во градењето на локални политики што се однесуваат на ромската популација
    Период: март 2011- март 2012 година
    Буџет: 13.604$
    Донатор: Амбасада на САД во РМ

 

  1. Именапроектот: „Енергетските ресурси – Виза за зелена иднина“
    Локација:Кратово, Пробиштип, Ранковце, Старо Нагоричане, Крива Паланка
    Таргет група: институции на локално ниво, основни училишта, граѓани
    Активност: Искористување на потенцијалите за енергетска ефикасност
    Период: јуни 2011- март 2012 година
    Бучет: 14.000$
    Донатор: Канцеларија на Светска Банка Скопје
  2. Именапроектот: „Младите за отворено општество-локални младински иницијативи“
    Локација: Кратово
    Таргет група: млади
    Активност: Локални младински иницијативи, дебати
    Период: април 2011- март 2012
    Буџет: 101.650 мкд
    Донатор: Младински образовен форум

 

 

  1. Име на проектот: „Младите за отворено општество-локални младински иницијативи“

Локација: Кратово
Таргет група: млади
Активности: Локални младински иницијативи, дебати, обуки, младински политики, аргументирано изразување, слобода на здружување.
Период: април 2012- март 2013
Буџет: 150.613 мкд
Донатор: Младински образовен форум

  1. Име на проектот: „Крива Паланка енергетски ефикасна општина-успешна општина“
    Локација: Крива Паланка
    Таргет група: општо
    Активност: Намалување на трошоците за јавно осветлување преку спроведување на истражување, замена на постоечките светлечки тела за јавно осветлување, замена на светлечки тела во институции и спроведување на кампања за енергетска ефикасност.
    Период: февруари 2012- јануари 2013
    Буџет:36.262$
    Донатор: UNOPS, GEF-SGP

 

  1. Име на проектот: „Поддршка на центри во заедницата“
    Локација: Крива Паланка, Кратово, Куманово, Пробиштип
    Таргет група: општо
    Активност: Следење на процесите на децентрализација и јавни набавки на локално ниво.
    Период: јануари – декември 2012
    Буџет:703.617 мкд
    Донатор: ФООМ
  2. Име на проектот: „Волонтерски сервис за помош на стари лица и лица со посебни потреби“
    Локација: Кратово
    Таргет група:самечки домаќинства, стари лица и лица со посебни потреби
    Активност: Оформување на волонтерски сервис за помош на стари лица и лица со посебни потреби во домашни услови. Изградба на инклузивно општество со еднаков третман и можности за сите поединци во него.
    Период: септември 2012- август 2013
    Буџет:19.991$
    Донатор: USAID
  1. Именапроектот: „Твој интерес – моја европска иднина“, во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за спречување на конфликт на интереси“
    Локација: Кратово, Пробиштип, Крива Паланка, Кочани
    Таргет група:локални јавни институции и бизнис сектор
    Активност: Истражување на судир на интереси во процедурите и постапките за јавни набавки на локално ниво.
    Период: август2014- ноември 2014
    Буџет: 225.573 евра / 3.000 €
    Донатор: IPA 2013/333-686 и IDSCS
  1. Именапроектот: „Рок и поп граници“
    Локација: Р. Македонија, Р. Бугарија
    Таргет група: автори и изведувачи на рок и поп музика, на возраст од 13-25 години
    Активност: Креирање на сцена и привлекување на нови слушателски публики на рок и поп музика
    Период: декември 2013- декември 2014 година
    Буџет: 82.119,49 €
    Донатор: IPA CBC  2007CB16IPO007-2012-3-005

 

 

27.Име на проектот: „Дојди куде три бора, да ти кажу два три збора“
Локација: Градски парк Карши Бавча
Таргет група: пензионери, возрасни, млади
Активност: Изградба на дрвен мост на локалитет во Градски парк Карши Бавча и одбележување на 660 години од постоењето на кратовските борови
Период: март-јули 2014
Буџет: 30.000
Донатор: Плоштад Слобода, ЕЛС Кратово

  1. Именапроектот: „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“

Локација: Кратово
Таргет група: млади

Активности: Иницијатива за формирање на Локален младински совет на Кратово.
Период: јуни 2014- јуни 2015 година
Буџет: 4.000 €
Донатор: ИПА Civil Society Facility, MOF, CID

  1. Име на проектот: „Развој на локални младински политки и локално
    младинско учество во 12 општини“

    Локација: Национално ниво
    Таргет група: млади
    Активност: Формирање на Локални младински совети во 12 општини
    Период: 2014-2015
    Буџет: /
    Донатор: МОФ, ЦИД, ЕЛС Кратово
  2. Име на проектот: „Проект на УСАИД за интеграција во средното образование“

Локација: Кратово

Таргет група: млади
Активности: Интегрирање на младите во образовниот систем, меѓуетничка интеграција, дебата.
Период: октомври 2013- мај 2014
Буџет: 1.500 €
Донатор: УСАИД, МОФ

  1. Име на проектот: „Проект на USAID за граѓанско општество“

Локација: Кратово

Таргет група: млади
Активности: Младински активизам, младински дебатни клубови, учество на дебатни турнири.
Период: јануари 2014- јуни 2015 година
Буџет: 2.500 €
Донатор: УСАИД, МОФ

 

 

  1. Име на проектот: „Петиција против неуставноста на законот за плаќање на придонеси на хонорар “
    Локација: национално ниво
    Таргет група: сите граѓани на Р. Македонија
    Активност: Иницијатива за преиспитување на уставноста на пакетот од 8 закони, со
    кои  на лицата кои примаат парични средства врз основа на авторски договор,
    договор за дело и друг договор, им се наметна обврска да плаќаат придонеси за
    задолжително социјално осигурување што вклучува и придонеси за пензиско и
    здравствено осигурување.
    Период: март – април 2015
    Буџет: 10.000 мкд
    Донатор: Иницијатива Ајде
  2. Име на проектот: Стратегијата на граѓанското општество за спречување на судирот на интереси во јавната администрација “
    Локација: национално ниво
    Таргет група: јавни институции, граѓани
    Активност: Подготовка на Стратегија за спречување на судирот на интереси во јавната администрација
    Период: 2015
    Буџет: 180.000 мкд
    Донатор: Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Институт за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ (ОИ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
  3.   Име на проектот: „Младински кино клубови “
    Локација: Кратово
    Таргет група: млади
    Активност: Проекција на документарни филмови и дебата по однос на содржината на филмовите
    Период: март-октомври 2015
    Буџет: /
    Донатор: МОФ, Филмски фестивал Македокс
  4. Име на проектот: „Лидери на заедницата “
    Локација: Кратово
    Таргет група: локална заедница, домашни и странски посетители
    Активност: Промоција на културно-историското наследство на Кратово, со акцент на староградската архитектура, старите порти, балкони и тераси, алат и прибор што се користел во домаќинствата,како и промоција на традиционалната кујна од овие простори. Издавање на публикација „Кратово – музеј под отворено небо“, печатење на разгледници и организирање на награден конкурс за фотографија.
    Период: 07.2015 -12.2015
    Буџет: 8.000$
    Донатор: FOOM
  5. Име на проектот: „Македонија без отпад 2015“
    Локација: Кратово
    Таргет група: локална заедница
    Активност: Расчистување на дивите депонии во Карши Бавча и по течението на речното корито со 40 волонтери
    Период: 3.10.2015
    Буџет: /
    Донатор: Ајде Македонија
  6. Име на проектот: Урбани уметнички акции“
    Локација: Кратово
    Таргет група: локална заедница
    Активност: Санација на анфитеатарот во Градски парк „Карши Бавча“ и реновирање на местата за седење
    Период: ноември-декември 2015
    Буџет: 24.000 мкд
    Донатор: Центар за современи уметности Скопје
  7. Име на проектот: „Волонтерство во боја“
    Локација: Градски парк „Карши Бавча“ Кратово
    Таргет група: млади
    Активност: Бојадисување на столчињата во Градски парк „Карши Бавча“ и уредување на непосредната околина
    Период: мај 2016
    Буџет: 20.000 мкд
    Донатор: Проект на УСАИД за граѓанско општество
  8. Име на проектот: „Поддршка за вработување на младите во Кратово“
    Локација: Кратово
    Таргет група: млади, бизнис сектор
    Активност: Истражување за потребите на трудот кај бизнис секторот во Кратово и насоки за професионална ориентација на младите
    Период: 11.2015 -03.2016
    Буџет: 30.800 мкд
    Донатор: МЦЕО Скопје
  9. Име на проектот: „Кост–бенефит анализа за изградбата на делницата од автопатот Демир Капија – Смоквица“
    Локација: национално ниво
    Таргет група: капитални инвестиции во областа на инфраструктурата
    Активност: Подготовката на кост–бенефит анализа на државната политика од областа на инфраструктурата, поконкретно, анализа на изградбата на делницата од Коридорот 10, од Демир Капија до Смоквица.
    Период: јануари – март 2016
    Буџет: 30.000 мкд
    Донатор: Квантум Прима од Кавадарци и Finance Think од Скопје.
  10. Име на проектот: „Меѓународна изложба на фотографии“
    Локација: РЦОР Кратово
    Таргет група: домашни и меѓународни посетители
    Активност: Организирање на изложба од шеесетина дела од домашни и нтернационални мајстори на фотографија
    Период: мај 2016
    Буџет: /
    Донатор: Фото клуб Куманово
  11. Име на проектот: „Контрапротести vis-á-vis протести“
    Локација: национално ниво
    Таргет група: целокупната јавност
    Активност: Истражување на перцепцијата на граѓаните во Република Македонија во однос на контрапротестите- дали тие ги унапредуваат или ги гушат демократските процеси во државата
    Период: април-јуни 2016
    Буџет: 20.000 мкд
    Донатор: НВО Инфоцентар Скопје
  1. Име на проектот: „Донација на спортска опрема за ТК Кратово- Кратово“
    Локација: Кратово
    Таргет група: членови на ТК Кратово, млади од општина Кратово
    Активност: Прибирање на финасиски средства и набавка на опрема за ТК Кратово од Кратово
    Период: јануари – јули 2016
    Буџет: 84.681 мкд
    Донатор: доброволен прилог на поголем број физички лица
  2. Име на проектот: „Месните заедници-основна клетка во процесот на демократско одлучување“
    Локација: регионало ниво: Кратово, Крива Паланка, Пробиштип, Ранковце, Старо Нагоричане
    Таргет група: Месни самоуправи во овие 5 општини, ЕЛС, граѓани
    Активност: Истражување за степенот на вклученост на МЗ во процесот на носење   одлуки на локално ниво
    Период: 08.2016 – 03.2017
    Буџет: 10.000$
    Донатор: ФООМ
  3. Име на проектот: „Бунт против отпадот 2016“
    Локација: различни локации на локално ниво
    Таргет група: млади, локална заедница
    Активност: Еколошка акција на 25 волонтери во соработка со Асоцијацијата „Ајде Македонија“ за расчистување на диви депонии и смет од повеќе локации во Кратово
    Период: октомври 2016
    Буџет: /
    Донатор: Ајде Македонија
  4. Име на проектот: „Ние одлучуваме“
    Локација: национално ниво
    Таргет група: сите граѓани со право на глас
    Активност: Кампања за промоција на демократски права и вредности за да се сведат на минимум сите неправилности и злоупотреби на гласачкото тело за предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016г. Кампањата се спроведуваше преку издавање и дистрибуција на весник, непосреден контакт со гласачите, кампања на социјалните мрежи, како и поголем број на други активности. Во кампањата се вклучија над 200 активисти од 20 различни невладини организации.
    Период: октомври-ноември 2016
    Буџет: 69.232 мкд
    Донатор: ФООМ
  5. Име на проектот: „Учиме, комуницираме и градиме просперитетни мултиетнички односи во Североисточниот плански регион на Македонија“
    Локација: СИПР
    Таргет група: претставници на различни етнички заедници во државата
    Активност: Едукација, работилници и камп за претставници на различни етнички заедници, кои живеат во општините од регионот.
    Период: 2016-2018
    Буџет: /
    Донатор: Носител ЗЖ „Спектар“ Кратово
  6. Иницијатива: Помош за семејство настрадано во поплавите на 6 август 2016г.
    Локација: национално ниво
    Таргет група: неопределено
    Активност: Прибирање на финасиски средства за настрадано семејство
    Период: август – ноември 2016
    Буџет: 126.500 мкд
    Донатор: различни физички лица преку Фондација Т Мобиле и ВИП ОНЕ оператор
  7. Име на проектот: „Запознај го Кратово на велосипед“
    Локација: Кратово и Осоговски регион
    Таргет група: домашни и странски посетители во регионот
    Активност: Набавка на 4 велосипеди и промоција на различни туристички дестинации, што можат да се посетат со велосипед. Подготовка на промотивни материјали, брендирање на велосипеди и нивно изнајмување за потребите на различни посетители
    Период: ноември 2016 – јуни 2017
    Буџет: 20.900 мкд
    Донатор: Министерство за економија на Р.Македонија