Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово, во рамките на   програмата на Цивика мобилитас за мали акциски грантови ќе го имплементира проектот “Ефикасна локална самоуправа-интерес на граѓаните“ во време траење од 6 (шест) месеци завршно со 05.02.2021 година со вкупен буџет од 330.000 денари.

Соработници во проектот: Локални самоуправи и Совети на општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане; ЛАГ “Осоговски Лисец“ – Ранковце, ГО “Козјачија во срцето“ – Старо Нагоричане и ГО “Спектар“ од Крива Паланка.

Општа цел на проектот: Учество на граѓанските организации во креирање и донесување одлуки кон подобрени политики и практики на локално ниво.

Специфична цел: Зајакнување на степенот на соработката помеѓу ГО и ЕЛС преку транспарентно, отчетно и одговорно работење на Советите и општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане.

Проектни активности:

Спроведување на анкета за степенот на информирање на граѓаните за работата на Советите на општините;

Сумирање на резултати од анкета, подготовка на анализа, предлози и препораки до Советите на општините;

Мониторинг на работата на општинските Совети и покренати граѓански иницијативи;

Организирање на јавна дебата „Колку мојот советник ги застапува моите права“; 

Организирање на работилница „Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“; 

Потпишување и дистрибуција на Етички кодекс за локални функционери;  

Тековно информирање на јавноста за работата на општинскиот Совет, начинот на носење на одлуки и вклучување на јавноста во овој процес;

Отварање на Веб страна на здружението РЦОР Кратово;

Печатење на “Регионален билтен“