„Колку мојот советник ги застапува моите права“.
Во рамките на проектот “Ефективна локална самоуправа – интерес на граѓаните“ поддржан од програмата на Цивика мобилитас, Регионалниот центар за одржлив развој Кратово, на ден 30.09.2020 година организираше јавна дебата под наслов „Колку мојот советник ги застапува моите права“.
На овој настан учествуваа претставници на граѓански организации, бизнис секторот, советници, пензионери и млади лица од општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане.
Програмата на оваа јавна дебата се однесуваше на презентација и улогата на проектот неговите цели, активности, резултати како и влијанијата врз засегнатите страни по завршување на проектот.
Присутните имаа можност да добијат примероци од печатен весник Регионален билтен во кој се прикажани сумирани резултати од спроведен прашалник за мерење на степенот на информираност на граѓаните во врска со функционирањето на Советите и нивните граѓански права во општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане.
Дебатата се одвиваше под ментортство на г-а Татјана Јаневска, дипломиран професор по филозофија/советник во Министерство за локална самоуправа.
Беа споделени искуства помеѓу соработниците на проектот при спроведување на прашалникот – предизвици и научени лекции.
Во плодната и исцрпна дискусија се вклучија председателот на Советот на општина Кратово, г-дин Слободан Постолов, директорот на Музеј на град Кратово г-дин Илија Митевски како и претставници на соработниците во проектот:
ГО “Спектар“ – Крива Паланка
ЛАГ “Осоговски Лисец“ – Ранковце
ГО “Козјачија во срцето“ – Старо Нагоричане и
Членки на РЦОР Кратово
Беше презентиран извештај со анализа, предлози и препораки до Советите на општините врз основа на добиените резултати од спроведениот прашалник
Дебатата се одвиваше помеѓу учесниците за прашања и проблеми од интерес на граѓаните, потребните мерки и активности што треба да се преземат за зголемување на вклученоста на јавноста при креирање и спроведување на локални политики, мониторинг на работата на општинските Совети, покренување граѓански иницијативи, тековно информирање на јавноста за работата на општинскиот Совет, начинот на донесување одлуки и вклучување на јавноста во процесот и зголемување на информираноста и свесноста на јавноста за трошењето на буџетските средства.
Напишете коментар