Информација за јавноста

Информација за јавноста

Регионалниот центар за одржлив развој во рамките на Програмата EUROPEAN FOND FOR THE BALKANS, представништво Network of European Foundations, со седиште во Белград,  ги имплементираше предвидените активности на проектната идеја кои се однесуваа на информирање на јавноста во однос на ново формираната локална власт во општините во Севроисточниот плански регион (СИПР). Преку изработка и дистрибуција на списанието Регионален Информативен Билтен беа презентирани избраните Советници за мандатите 2021-2025 како и улогата и законските обврски на општинска администрација и јавните служби, партиципативноста на граѓаните во спроведувањето на локалните политики, влијанијата на донесување на одлуки во Советот, надлежностите и одговорноста на локалните функционери. Покрај останатите активности извршивме обнова на Домен, Веб хостинг, Техничка поддршка и Софтвер на Веб страната на РЦОР.

Share this post

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *