Информација за јавноста
Здружението “Регионален центар за одржлив развој“ – Кратово, во рамките на програмата на Цивика мобилитас за мали акциски грантови го реализираше проектот “Ефикасна локална самоуправа – интерес на граѓаните“ во време траење од 6 (шест) месеци завршно со 05.02.2021 година со вкупен буџет од 329.996 денари.
Соработници во проектот: Локални самоуправи и Совети на општините: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане; ЛАГ “Осоговски Лисец“ – Ранковце, ГО “Козјачија во срцето“ – Старо Нагоричане и ГО “Спектар“ од Крива Паланка.
Општа цел на проектот: Учество на граѓанските организации во креирање и донесување одлуки кон подобрени политики и практики на локално ниво.
Специфична цел: Зајакнување на степенот на соработката помеѓу ГО и ЕЛС преку транспарентно, отчетно и одговорно работење на Советите на општините Кратово, Крива Паланка, Ранковце и Старо Нагоричане.
Активностите во проектот се однесуваа на работата на јавната администрација и Советите на општините кои треба да обезбедат ефикасни услуги за граѓаните, владеењето на правото, детална отчетност, транспарентност, вклучување на јавноста во носење на одлуки за локални политики, трошење на буџетските сретства, почитувањето на законите и етичките норми на однесување.
Главни активности:
Спроведување на анкета за степенот на информирање на граѓаните за работата на Советите на општините;
Сумирање на резултати од анкета, подготовка на анализа, предлози и препораки до Советите на општините;
Мониторинг на работата на општинските Совети и покренати граѓански иницијативи;
Организирање на јавна дебата „Колку мојот советник ги застапува моите права“;
Организирање на работилница „Советникот како лидер, комуникатор, финансиер и имплементатор на политики“;
Отварање на Веб страна на здружението РЦОР Кратово;
Менаџирање со социјалните медиуми
Печатење и дистрибуција на “Регионален билтен“;
Клучни постигнувања и резултати од проектните активности:
1.Зголемена вклученост на јавноста при креирање и спроведување на локални политики
2.Зголемен степен на почитување на етички вредности и соработка ГО / локална власт
- Зголемена информираност и свесност на јавноста за функционирање на Советите на општините и трошењето на буџетските сретства
Напишете коментар